Владата донесе одлуки за кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата.
Првата Одлука е донесена заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.
А втората заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.
Одлуките ќе почнат да се применуваат од 1 септември и ќе траат 30 дена.
Ова значи дека државата финансиски ќе го помага ЕСМ за да се обезбеди мазут и јаглен и за да може сите енергетски капацитети да бидат во функција, како и да се обезбеди 100% од потребите на струја претстојната зима. Ова е втора кризна состојба, првата заврши на први јуни..
