Кошарка Спорт

Шеснаесет играчи со позитивен тест во НБА

Според првите резултати од вкупно 302 и теста, 16 играчи имале позитивен наод. Веста која прво ја објавија медиумите во САД е потврдена и од водечките луѓе на лигата, но имињата на кошаркарите кои имаат позитивен резултат нема да бидат соопштени.

Во изминативе денови се шпекулираше дека тројца се членови на Сакраменто, меѓу позитивните се неколку играчи на Портланд, а се уште не јасно дали на листата е и Никола Јокиќ кој се тестираше во Србија.

Сите позитивни кошаркари ќе мора да заминат во изолација, а на тимовите ќе им се приклучат во моментот кога ќе имаат два последователни негативни теста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе