Вести Македонија Најважни

Европската комисија објави нов твит кој не ја содржи придавката „северномакедонски“

Европската комисија објави нов твит кој веќе не ја содржи придавката „северномакедонски“ ниту пред функцијата на на претседателот Пендаровски, ниту пред собранието.

Содржината на новиот твит е следна: „Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дел Лајен, утре во Скопје ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Фон дел Лајен во 13 часот ќе има обраќање во парламентот на Северна Македонија“, стои во твитот објавен од Европската комисија.

Од Брисел, нема одговор, од Мисијата на ЕУ во Скопје со објаснување: „беше ненамерна грешка, која сега е поправена“. Но, нема извинување, иако неофицијални извори велат, се надеваат дека оваа грешка  нема да фрли сенка на утрешната посета на Фон Дер Лајен на Скопје.

Од македонското МНР, кратко сооопштија: Министерството за надворешни работи, како и секогаш, реагираше веднаш штом забележа дека е употребена несоодветна придавка. Добивме уверување дека е направена ненамерна грешка, по што објавата беше веднаш избришана.

Инаку, Твитер налогот на Европската Комисија, има 1,7 милиони следбеници. На интеренет страницата на Европската Комисија, пак, македонските институции беа соодветно именувани.

Урсула фон дел Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски“ и ќе се обрати пред „северномакедонскиот парламент“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Узунов: Секој буџет е нереален во декември кога се носи, на средина на годината мораме да имаме ребаланс

Sasko Dimovski

Митевски: Капиталните и сите други расходи кои не се трансфери и плати ќе бидат опфатени со ребалансот на буџетот

Sasko Dimovski

Ѓорѓиоски и Сејдини одобриле и потпишале 728 налози, се сомничат за финансиски криминал во ФФМ од близу три милиони евра – во шемата и раководителката на Одделението за финансии

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе