Водечките луѓе на третиот Гренд слем во сезоната што се игра на терените во Вимблдон ја разгледуваат опцијата да ја задржат забраната за настап на тенисери од Русија и Белорусија.
И покрај фактот што одлуката за годинешното издание предизвика бурни реакции па дури и беше платена парична казна во износ скоро 800.0000 фунти организаторите на турнирот размислуваат забраната да важи и за следната година.
Инаку Британската тениска асоцијација планира да се жали на паричната казна, но се уште не е објавено кога жалбата ќе биде поднесена до Судот за спортска арбитража во Лозана.
Конечната одлука сепак ќе зависи од препораките на владата на Велика Британија и доколку санкциите останат на сила и во следниот период забраната најверојатно ќе важи и за следниот турнир.
