Малку недостасуваше македонската женска тениска репрезентација да се пласира во повисок ранг од Били Џин Кинг купот.
Македонските тенисерки во финалното соочување по голема борба беа поразени од Португалија со 2:1.
Клучниот поен за победа Португалките го освоија во игра на двојки каде во меч што траеше 2 часа и 26 минути во три сета стигнаа до предност од 2:1 и пласман во третата група од ова натпреварување.
Сестрите Франциска и Матилде Жорж со 6:4, 4:6 и 6:4 ја совладаа нашата комбинација Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска.
Претходно Португалија во првиот дуел поведе со 1:0 по победата на Матилде Жорж со 7:6 и 6:3 во соочувањето со Стоилковска додека резултатот на 1:1 го израмни Ѓорческа која за само 58 минути 6:1 и 6:1 триумфираше над Франциска Жорж.
ФОТО: Игор Паневски

