На првиот ИТФ турнир што се одржува во Скопје денеска се комплетираа осминафиналните дуели.
Меѓу осумте најдобри нема да имаме македонски претставник откако единствениот тенисер кој ја мина првата пречка Томислав Јотовски беше поразен од Швајцарецот, Јакуб Паул.
Јотовски во првиот сет пружи силен отпор, но беше поразен со 7:6, а во вториот Паул беше поубедлив и славеше со 6:2.
Најнеизвесно беше во мечот меѓу Украинецот, Белобородко кој во три сета го елиминираше Хабиб од Либан.
Пласман во четврт-финалето обезбедија уште Ехрагуи од Швајцарија по триумфот над Данецот, Ингилидсен, Султанов од Узбекистан по елиминацијата на Фројнд од Шведска, Бугаринот, Нестеров, кој славеше над Винсент Руџери од Италија, Де Лоре од Белгија по победата над Рапое како и Бразилецот, Луз и Локоли од Франција.
Четврт-финалните дуели се играат утре на терените на ТК Југ во Градскиот парк.
ФОТО: Игор Паневски
