На почетокот од ИТФ турнирот во Скопје што се игра за награден фонд од 25.000 долари, Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло откако во два сета со 6:3 и 6:2 славеше над Украинецот, Олександар Бјелински.
Останатите двајца македонски претставници Обрад Марковски и Бесир Дургути беа поразени.
Во попладневната програма ќе настапи уште еден македонски тенисер, Горазд Србљак кој ќе се соочи со Либанецот, Хади Хабиб.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.















