Македонската фудбалска репрезентација го совлада Гибралтар со 2:0 и ја забележа првата победа во ова издание на Лигата на нации.
Играта беше за заборав, останува резултатот, но во невозможните услови на стадионот Викторија и не можеше подобро.
Мечот се играше на вештачка трева, на исклучително висока температура и силен ветер.
“Може само да им честитам на момците за залагањето и за желбата да се заокружи ова гостување со победа. Кога ќе играте под вакви услови тогаш најважен е резултатот, а се друго оставаме во втор план. И пред почетокот на овој циклус најавив дека ќе има ротации во составот затоа што потребно е да се зачуваат одредени сили во овој јунски собир со четири дуели. Илиев бранеше затоа што настапува во клуб каде се игра на вештачка трева, како што беа условите за игра тука, а е и во натпреварувачка форма. Серафимов и Тодороски покажаа дека може да се смета на нив и дека се конкурентни во овој состав. Во секој случај јасно е дека сите го дадоа максимумот затоа што на едни вакви натпревари најважни се победите”, изјави селекторот Благоја Милевски
ФОТО: Игор Паневски
ФОТО галерија: Македонија ја забележа првата победа во Лигата на нации
