Трите македонски клуба кои се дел од второто квалификациско коло од Лига Европа ги добија своите противници.
Ренова во оваа фаза од натпреварувањето ќе биде домаќин на сплитски Хајдук додека фудбалерите на Шкендија и во втората рунда ќе играат на теренот на противникот, а противник ќе им биде романскиот претставник Ботошани.
По елиминацијата во квалификациите за влез во Лигата на шампионите, Силекс го продолжи настапот во второто по ранг европско клупско натпреварување и во втората рунда ќе се соочи со првакот на Косово, Дрита и овој пат ќе игра на домашен терен.
Според календарот на УЕФА натпреварите од второто коло во квали
фикациите за Лига Европа ќе се играат на 17 септември.
ЛИГА ЕВРОПА – КВАЛИФИКАЦИИ 2. КОЛО
Ренова – Хајдук
Ботошани – Шкендија
Силекс – Дрита