Спорт Фудбал

Милевски: Не очекува нов предизвик, горд сум на овие фудбалери

Македонската фудбалска репрезентација утре во Разград против Бугарија ќе го одигра првиот натпревар од новото издание во Лигата на нации.

Селекторот на националниот тим Благоја Милевски очекува да продолжиме со добрите резултати и да забележиме поволен резултат уште на стартот од натпреварувањето.

“Фаворит пред почеток на натпревар никогаш ниту постоел ниту ќе постои пред натпревар. Фаворитот се наметнува на самиот натпревар, па така ќе биде и на утрешниот дуел. Секако, ние сите оние досегашни игри сакаме да ги демонстрираме и во Лигата на нации, и за тоа мора максимален ангажман без разлика на тоа што, за жал, Лигата на нации ја почнуваме со одредени проблеми поради повредени фудбалери и оние кои мораа да одмараат поради напорната сезона. Но, сите кои се со нас се максимално подготвени за уште едно успешно докажување на терен”, рече Милевски.

Бугарскиот репрезентативен фудбал во последно време е во голема резултатска криза. Тоа не треба да не залаже и затоа стручниот штаб посвети посебно внимание на нашиот прв противник

“Добро го анализиравме противникот, и многу добро знаеме дека не очекува квалитетен противник, силна екипа која има своја цел. Верувам дека ќе биде квалитетен натпревар и посакувам само подобриот на терен да победи. Факт е дека секој натпревар е натпревар за себе. Секако, мора да имате план за секој нов дуел и секој нов противник, но што ќе се случува ќе видиме на самиот натпревар”, заврши селекторот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе