Ракомет Спорт

Металург фаворит во дуелот со Спачва

Македонско-хрватската ракометна саботна пресметка ја комплетира Металург, кој вечерва го пречекува тимот на Спачва во рамки од првото квалификациско коло за настап во Лига Европа. Нашиот втор претставник Бутел по вчерашниот убедлив пораз во Унгарија ги загуби шансите за пласман во следната фаза.

Тимот од Автокоманда сезонава ќе се обиде да се врати на старите победнички патеки во европските клупски натпреварувања. Составот на Зоран Кастратовиќ, засилен со неколку познати имиња, а пред се Златко Хорват, Момир Рниќ и Марко Тарабокија и староседелците Мартин Серафимов, Михајло Младеновиќ, Велко Марковски и Даниел Дупјачанец е фаворит во соочувањето со Спачва и има големи шанси да се пласира во следниот круг од квалификациите и да дојде на чекор до исполнување на целта, а тоа е настап во фазата по групи во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Спачва е дебитант на меѓународната сцена, но во Скопје доаѓа со амбиција да направи сензација иако исполнувањето на целта ќе биде исклучително тешко и на работ на невозможното.

Нашиот втор претставник во квалификациите, Бутел по вчерашниот пораз од 34:21 во соочувањето до Ѓенѓеш е на прагот на елиминација и завршување на битката за што е можно подобар пласман во Лига Европа.

За ракометарите на Бутел огромен хендикеп е фактот што двата дуели ги одигра на теренот на противникот и во ова соочување влезе со минимални шанси за сензација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе