Вести Македонија

ВИДЕО: Одрон поради кој е затворен патот кон Блаце и Косово

Од попладнево е затворен сообраќајот во два правца од Скопје кон Блаце и Косово. Причина за затворањето на патот е одрон.

На сајтот на АМСМ се уште стои информацијата за затворената магистрала.

На патот кон ГП Блаце има одрон во близина на м.в. Вражји Вир. Сообраќајот е во прекин во двата правци. На граничниот премин не се пропуштаат возила бидејќи кај местото на одронот сеуште не е проодно, стои во последниот билтен на АМСМ, објавен во 19:21 денеска.

На социјалните мрежи е споделено и видео од одронот и локацијата каде паднале карпите.

Автомобилите од двете страни на патот застанале на време бидејќи го забележале одронот, а по паѓањето на карпите се гледаат застанатите автомобили.

Владата пак на денешната седница го усвоила предлог решението за финансирање на овој фреквентен патен правец кој со децении остана на две коловозни ленти со делници низ клисура. Од косовската страна, модерен пат веќе е пуштен во употреба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе