Вести Македонија Топ вести

Телма дознава: 32 милиони евра вреди конфискуваниот имот на Сашо Мијалков

Дел од осомничените во истрагата „Империја“ бараат спогодба. Обвинителката која го води случајот, Лиле Стефанова, не открива кои се точно бизнисмените кои не сакаат судење, но уверува дека и во овој предмет очекува да се конфискува имот кој е со поголема вредност, дури и од оној на „Плацеви на Водно“ а кој е стекнат на криминален начин.

Потврди и дека истрагата била проширена, но и дека има и нови и издржани докази.

Сега веќе „Империја“ е на крај и се очекува одлука на обвинителката до крајот на Мај.

Во неа се осомничени Камчев и Мијалков и уште 11-мина а во меѓувреме Телма веќе објави и дека истрагата е проширена и на други бизнисмени, поврзани стечајот на МПМ.

Денеска Кривичен објави дека дел од имотот кој е опфатен со истрагата а тоа е Хотелот „Мериот“ и станови, остануваат замрзнати.

32 милиони евра вреди конфискуваниот имот на Сашо Мијалков.

Нови 7 години затвор за екс премиерот Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков 15 месеци, кумот Ристо Новачевски условна, бизнисменот Орце Камчев 1 година

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе