Вести Македонија

Нови 7 години затвор за екс премиерот Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков 15 месеци, кумот Ристо Новачевски условна, бизнисменот Орце Камчев 1 година

Сите шестмина переле пари за Никола Груевски да се стекне со имот на Водно. Виновни се, пресуди кривичниот суд во Скопје. Никола Груевски доби 7 години затвор, неговиот братучед Сашо Мијалков 15 месеци, бизнисменот Орце Камчев 1 година, а кумот на Груевски Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ условни казни. За Ратка Камчева како управител на една „Орка“ делото е застарено. По, 9 месеци судење, материјални докази и сведоци обвинителството ја докажало шемата како поранешниот претседател на партијата на власт и премиер Никола Груевски присвоил над еден милион евра од партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ за да купи три парцели на Водно за себе. Сториле кривични дела типичен за „белите јаки“ и бизнис светот. Добро се бранеле, дел ги признале активностите кои ги презеле, но не и кривичните дела, рече судијата Илија Трпков во пресудата.

Освен затворски казни, сега бегалацот во Унгарија, Никола Груевски останува и без становите каде што живеше на улицата „Павел Шатев“, спорниот имот на Водно кој менувал сопственици, и наводно луксузните апартмани во „Панорама резиденс“ кои му биле ветени во замена за земјиштето на Водно одлучи судечкиот совет во барањето за конфискација на имот.

Обвинителката Лиле Стефанова е задоволна од пресудата за вина и конфискацијата на имотот, но не и од висината на казните за обвинетите.

Освен Стефанова ќе се жалат и осудените. Обвинителството не ја докажала вмешаноста на Сашо Мијалков во предметот.

На Никола Груевски ова му е трета првостепена пресуда откако кривичниот суд го огласи за виновен за набавката на службен „Мерцедес“ на 2 години затвор, но и 18 месеци затвор доби за нарачувањето на шлаканици поврзани со протести пред Општина Центар. Сашо Мијалков, пак, претходно е осуден на 12 години затвор за масовно незаконско прислушување, 8 години за набавката на специјалната опрема од Израел, и 3 години за изборни измами во „Титаник 2“ , предмет кој апелациониот суд го врати на одново судење во скопска единица.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Млада инфлуенсерка од Тајланд стана баба на само 34 години

Дејан Дејан

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе