Спорт Фудбал

Михајловиќ ја победи леукемијата, а сега фати коронавирус

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е позитивен на Ковид-19, соопшти италијанскиот клуб.

Михајловиќ нема симптоми на болеста, но тој и натаму спаѓа во најризичната група на луѓе откако речиси цела една година се бореше со леукемија. Српскиот тренер мина низ тежок процес на хемотерапија и имаше трансплантација на коскена срж, па успеа да се избори со тешката болест. Сепак неговото тело и имунитетот се сериозно ослабени поради инвазивната терапија. Болоња објави дека Михајловиќ две недели ќе биде во изолација под силен лекарски надзор со оглед на неговата состојба.

Утре ќе бидат тестирани сите фудбалери на клубот, бидејќи за неколку дена треба да почнат подготовките за новата сезона. Во серија А изминатите денови се појавија многу случаи на коронавирус меѓу фудбалерите. Торино објави за два случаи, а во таборот на Калјари имаше четворица. Жереми бога од Сасуоло исто така е позитивен, а според новите информации има  двајца во Фиорентина и тројца во второлигашот СПАЛ. Сето ова може да доведе до одложување на стартот на фудбалската сезона во Италија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе