Вести Економија Топ вести

Народната банка поради инфлацијата ја зголеми каматата – ќе растат и каматите на кредитите

Народната банка ја зголеми камата на благајничките записи, како одговор на очекувањата дека инфлацијата во земјава уште ќе расте. Според експертите тоа е сигнал дека ќе има покачување на каматите на кредитите, а помалку и на депозитите и кај домашните банки. Велат  реакцијата на централната банка е очекувана и блага мерка – целта е да се намали потрошувачката и да се влијае на инфлацијата. Според поранешниот гувернер на Народната банка Љубе Трпески, со ова банките ќе бидат повеќе стимулирани да запишуваат благајнички записи, како поисплатлив и посигурен пласман, отколку да даваат кредити. Вели мора да поскапуваат парите за да се смирува инфлацијата. Но и дека оваа мерка нема да биде доволна и треба да има и други мерки.

Нормално ако се зголемуваат трошоците на банките тие го наговестуваат тоа преку зголемување на каматните стапки на производите кои тие ги пласираат на стопанските и нестопанските субјекти. Зголемувањето на каматите, на некој начин влијае на намалување на побарувачката на кредити, а преку тоа за смирување на инфлацијата, вели поранешниот гувернер на Народната банка Љубе Трпески.

Даночниот експерт Павле Гацов очекува каматите на кредитите повеќе да растат од тие на депозитите.

Тоа ќе значи покачување на каматните стапки кај деловните банки, бидејќи обично сигналот доаѓа од централната банка. Самото покачување ќе значи и рестрикции во кредитната политика на деловните банки, тоа ќе значи и намалување на паричната маса во оптек во сооднос понуда побарувачка. Тоа ќе значи и соодветен притисок на страната на контракција на притисокот врз инфлацијата, вели Гацов.

Народната банка ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени од сегашните 1,25- и сега таа ќе изнесува 1,5 процент. Реакцијата доаѓа како одговор на растечките инфлациски очекувања – соопшти централната банка. Велат –  внимателно ги следат состојбите и рРаботат на  новиот циклус на макроекономски проекции во кој ќе има  сеопфатно реоценување на макроекономската слика и на поставеноста на монетарната политика.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе