Вести Економија Топ вести

Годинава ќе биде потешка од лани, сметаат германските инвеститори во земјава

Годинава ќе биде потешка од лани, сметаат германските инвеститори во земјава. Но сепак се оптимисти дека со зголемување на инвестиците ќе ја пребродат и оваа криза. 50 проценти од анкетираните компании, претежно нето извозници, годинава се попесимисти на економски план  во однос на лани, а 57 проценти се пооптимсти пак лично за нивните компании.  46 проценти се изјасниле дека ќе го зголемат бројот на вработени, а 8 проценти планираат намалување. Покрај долгогодишните проблеми- со владеењето на правото, корупцијата и недостатокот на работници, најголема пречка во работењето за годинава им се зголемените трошоци за енергенси и реперометаеријали, за што побараа и помош од државата. Компаниите се изјасниле дека годинава очекуваат зголемување на цената и трошоците за електрична енергија од  50 до 100 проценти.

Директоророт  на Германската стопанска комора во земјава, Патрик Мартенс рече дека е среќен што голем број германски компании во земјава ги прошируваат инвестициите  а ќе има и нови инвеститори кои ќе отворат голем број нови и доброплатени работни места.

Проблемите и плановите за годинава ги презентираа пред премиерот Ковачевски, кој пак уверува дека владата работи на подобрување на условите за инвестирање во земјава.

Германската амбасадорка Анке Холштајн посочи дека членството на земајва во Нато го зголемува интересот на компаниите да инвестираат во земјава. Бројките пак покажуваат дека минатата година двете земји оставриле рекордна трговска размена од 4,7 милијарди евра или 23,6% повеќе од 2020 година.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе