Младата фудбалска репрезентација на Македонија загуби со 0-1 од Фарски Острови во рамки на 8.коло во квалификациите за Европското првенство идната година.
Избраниците на селекторот Драган Канатларовски одиграа очаен натпревар без ниту една сериозна шанса за гол. Гостите уште во првото полувреме се заканија, кога ја погодија пречката, а на стартот на вториот дел имаа и зицер, што го одбрани Давид Денковски. Фарски Острови победничкиот гол го постигна во Стефан Радосављевиќ од пенал во 52.минута, откако Денковски направи прекршок токму против капитенот на противничката селекција.
Ова е трет пораз во низа за младинците, кои стануваат на претпоследната позиција во групата Х со само шест освоени бодови. Фарски Острови има 9 на 4.позиција, Србија е трета со 11 бодови по денешната победа над „фенерџијата“ Ерменија. Франција е лидер со 19 бодови пред Украина, а денешниот нивни меѓусебен дуел беше одложен поради воениот конфликт.
