По смената на Кике Сетиен, Барселона уште денеска може да го објави името на новиот тренер и според медиумите во Шпанија нема дилема дека тоа ќе биде поранешната клупска легенда и актуелен селектор на Холандија, Роналд Куман.
Генералниот директор на Барселона, Оскар Гарау доцна синоќа допатувал во Амстердам, а веќе од денеска ги почнал преговорите за евентуално ангажирање на Роналд Куман. Гарау денеска треба да има средба и со челниците на Фудбалската асоцијација на Холандија за да ги договори условите под кои Куман би си заминал од селекторската функција за да може да потпише договор со Барселона.
Начелно Куман е подготвен да ја преземе екипата од Ноу Кам и се треба да се договорат уште финансиските детали од договорот.
Вчера и официјално му беше врачен отказ на досегашниот тренер Кике Сетиен, а клупскиот портпарол соопшти дека во март следната година ќе се одржат изборите за претседател на Барселона и како што изјави Жозеп Вивес се очекуваат големи промени не само во екипата туку и во раководството.
