Спорт Фудбал

Лајпциг пред историски пласман во финалето

Само две години пред да го преземат богатите катарски сопственици клубот од француската престолнина, Лајпциг потпомогнат од компанијата Ред Бул го почна својот пат низ пониските лиги во Германија, а само 11 години по формирањето веќе го слави најголемиот успех во кусата историја на постоење.

Лајпциг заедно со Лион се двете сензации во завршницата од Лигата на шампионите. По елиминацијата на Тотенхем и мадридски Атлетико на патот кон првото финале во европските натпреварувања Лајпциг ќе се соочи со Пари Сен Жермен.

Иако противникот го има фаворитскиот статус, Лајпциг нема лесно да се предаде и во клубот веруваат дека на 23 август ќе се игра германско финале. Јулијан Нагелсман не може да смета на дефанзивецот Ибрахима Конате, кој за да ја санира повредата на колкот мораше да замине на операција.

Францускиот тим по втор пат во елиминациската фаза се среќава со тимови од Германија. Пред 11 години, Пари Сен Жермен во шеснаесетина финалето од Купот на УЕФА го елиминираше Волфсбург, а вкупно во историјата одиграл 11 натпревари и забележал шест победи, два нерешени резултати и три порази.

На спротивната страна Лајпциг до сега одиграл шест меча со противници од Франција и има учинок од по две победи, два нерешени резултати и два порази

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе