Марцело Брозовиќ потпиша нов четиригодишен договор со Интер, според кој ќе заработува 6 милиони евра по сезона.
Актуелната соработка на Хрватот со италијанскиот шампион му истекуваше летово, но и покрај интересот од многу клубови, фудбалерот од средниот ред реши да му остане верен на Интер.
Брозовиќ пристигна на „Џузепе Меаца“ од Динамо Загреб во 2015 година и се промовираше како незаменлив дел од првата постава на тимот. Досега одигра 275 натпревари за „нераѕурите“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
