Спорт Формула 1

Доминација на Хамилтон во Силверстон

Луис Хамилтон триумфираше на трката од формула 1 шампионатот што се возеше на патеката во Силверстон. Актуелниот светски првак и покрај проблемите во последниот круг на крајот успеа прв да мине низ целта.

За Хамилтон ова беше седма победа на домашната патека. Британецот ја искористи предноста на пол позицијата и изби на првото место, а во последниот круг имаше проблем со предната лева гума, но и тоа не беше пречка да го освои првото место.

Неговиот тимски колега Валтери Ботас долго време возеше зад Хамилтон, но и тој имаше проблем го гумите и на крајот заврши на 11-тата позиција. Втор низ целта мина Макс Фестапен, а третото место му припадна на Шарл Леклерк.

По денешниот триумф Хамилтон води во генералниот пласман со 88 бода, триесет повеќе од Ботас додека трет со 52 е Ферстапен.

Во конкуренција на конструктори на чело е Мерцедес со 121 бод пред Ред Бул со 55 и МекЛарен со 41.

Следниот викенд ќе се вози четвртата трка од новата сезона и поворно возачите за бодови ќе се борат на патеката во Силверстон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе