Спорт

Квартараро доминираше и на втората трка во МОТО ГП

Французинот Фабио Квартараро има фантастичен  почеток на сезоната во МОТО Гран при класата.21 годишниот возач од Ница денеска на патеката во шпански Херез ја нанижа и втората победа ,откако со доминантно возење по старт од пол позиција беше недопирлив за конкуренцијата.Зад пилотот  на Петронас се водеше битка за 2.место.Франческо Бањаја се издвои на пат кон прв подиум финиш во најсилната класа,но Прамак дукатито на италијанецот не ги издржа завршните 6. круга.Тандемот на фабричката Јамаха, Маверик Вињалес и Валентино Роси го комплетираа пиедесталот,што беше прв пат после 2014 јапонскиот производител да ги има првите три места на трка воедно и прв подиум за Роси после американското ГП од 2019 година.Светскиот првак Марк Маркез кој пред неколку дена имаше опереција на  повредената десна рака,  ја пропушти трката во Херез.Квартараро има максимални 50 бода после две трки.Вињелес е втор со 20.Следната трета трка од сезоната во МОТО ГП ќе се вози во Брно на 9 август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе