Спорт Фудбал

Флик: Подготвени сме за одличната атмосфера во Скопје, Македонија игра добар фудбал

Новиот селектор на репрезентацијата на Германија, Ханс Дитер Флик има одличен старт од преземањето на националниот тим и во првите четири средби има исто толку победи. Тој очекува тешко гостување во Скопје, но верува во својот тим и смета дека играчите прво не треба да потклекнат на одличната атмосфера која ја создаваат македонските навивачи.

“Македонија е тим која игра добар фудбал. Тоа е тим кој се уште не е поразен под водство на новиот селектор, а нивната самодоверба е на високо ниво благодарение на победата во првиот натпревар. Но, ние имаме наш стил на игра и мораме да се држиме до него бидејќи тоа е единствениот начин да дојдеме до победа. Атмосферата во Скопје е одлична и ние мораме да биде подготвени на тоа. Јасно е дека поразот во Дуизбург ни прави голем притисок, но ние мораме да победиме ако сакаме да се пласираме на Светското првенство. Овој тим има квалитет, верувам во моите фудбалери и мислам дека можеме да ја исполниме нашата цел”, изјави германскиот селектор Флик пред заминувањето за Скопје.

ФОТО. Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе