Спорт Фудбал

Уругвај им го откажал чартер-летот на фудбалерите по елиминацијата од СП

Разочарувачкиот настап на Уругвај на Светското првенство 2026 година доби и необичен епилог. Фудбалската федерација на Уругвај го откажала чартер-летот со кој репрезентацијата требало да се врати дома по елиминацијата од Мундијалот.

Националниот тим требало организирано да патува од својата база во Плаја дел Кармен, Мексико, до главниот град Монтевидео, но летот бил откажан по неуспехот во групната фаза. Поради тоа, фудбалерите и членовите на стручниот штаб морале индивидуално да бараат комерцијални летови за враќање.

Уругвај имаше статус на фаворит за пласман во нокаут-фазата, но турнирот го заврши без ниту една победа. Селекцијата на Марсело Биелса најпрво ремизираше со Саудиска Арабија, потоа одигра нерешено и со дебитантот Зеленортски Острови, а во последното коло загуби од Шпанија со 1-0.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стив Кларк си замина од клупата на Шкотска

Sportska Redakcija

Меси испиша нова историја на Мундијалите

Sportska Redakcija

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе