Повеќе од 900 луѓе загинаа, а 3.360 други се повредени во земјотресите во Венецуела, додека спасувачките тимови и натаму ги пребаруваат урнатините.
ОН и другите хуманитарни агенции упатија заеднички повик за солидарност нагласувајќи дека меѓународната заедница не смее да дозволи оваа вонредна ситуација да се претвори во уште поголема човечка трагедија.
„На народот на Венецуела му е потребна солидарност сега“, се вели во соопштението на лидерите на Меѓуагенцискиот постојан комитет (IASC), форум што ги обединува хуманитарните организации на Обединетите нации и други партнерски организации. Тие, исто така, повикаа на обезбедување брз и непречен пристап до хуманитарна помош за сите погодени граѓани.
Повредените се лекуваат во импровизирани медицински установи, а голем број граѓани деновите и ноќите ги поминуваат на душеци ни шатори на улиците.
Два силни земјотреси ја потресоа Венецуела во рок од неколку секунди во среда. Вториот земјотрес беше еден од најсилните потреси што ја погодија земјата во еден век, со магнитуда од 7,5 степени.
