Вести Македонија Топ вести

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма, отворено говореше за личните мотиви да остане во државата, политичките напади за неговиот професионален ангажман и одлуката да ја замени неврохирургијата со политика.

Филипче призна дека како и многу други граѓани кои престојувале во странство, и тој во одредени моменти размислувал трајно да ја напушти Македонија, но превладала емотивната поврзаност со татковината.

  • „Секогаш ми било полесно оттука да мечтаам за негде надвор, отколку кога сум бил надвор да мечтаам за тоа тука. Ние тука созреавме и пораснавме“, истакна Филипче, објаснувајќи го разочарувањето со кое често се соочуваат оние кои се враќаат дома.

На прашањето за обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека побарал
„Златна виза“ во Дубаи заради работен ангажман, Филипче ги отфрли ваквите тврдења како политичка манипулација.

  • „Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО, веројатно во контекст на којшто тие го прават тоа. Но сакам да кажам, тоа е на ниво на развој на мојата кариера кога јас веќе можам да бирам“, изјави тој, додавајќи дека неговото искуство во Америка и Европа му овозможува професионални опции насекаде низ светот.

За неговата професионална кариера како неврохирург, на прашањето зошто човек со такви врвни референци и талент би избрал да влезе во политиката – терен каде успехот не зависи само од поединецот и каде често се лепат „сомнителни ситуации“, Филипче одговори со дефанзива на својот интегритет и досегашната работа.

  • „Гледајте, ако јас сум работел нечесно, ако јас сум работел коруптивно, ако сум правел некаков криминал, верувајте дека досега, со оваа нова власт, ќе имаше барем една пријава или некаков процес против мене.“

Со оваа изјава Филипче сакаше да истакне дека и покрај сите политички обвинувања од неговите опоненти, досега не се покренати правни постапки кои би ја докажале неговата вмешаност во нелегални активности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе