Вести Свет

САД ја продолжија националната вонредна состојба за Западен Балкан за уште една година

Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба за Западен Балкан за уште една година. Според објавата во Федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, во Косово и во Македонија.

„Ситуацијата на територијата на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан), во текот на изминатите две децении, вклучително и поткопувањето на повоените договори и институции по распадот на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, како и широко распространетата корупција во рамките на различните влади и институции на Западен Балкан, го попречува напредокот кон ефикасно и демократско управување и целосна интеграција во трансатлантските институции, и со тоа претставува необична и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави“, стои во објавата од Федералниот регистар.

Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор од 2001 година, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година. Вашингтон оценува дека и натаму постојат околности кои бараат продолжување на вонредната состојба и санкциските механизми поврзани со Западен Балкан.

„Поради оваа причина, националната вонредна состојба прогласена со Извршната наредба 13219, според која беа преземени дополнителни чекори со Извршната наредба 13304, која беше проширена во опфатот со Извршната наредба 14033, и според која беа преземени дополнителни чекори со Извршната наредба 14140, мора да продолжи да важи и по 26 јуни 2026 година. Затоа, во согласност со член 202(d) од Законот за национални вонредни состојби (50 U.S.C. 1622(d)), ја продолжувам националната вонредна состојба прогласена со Извршната наредба 13219 во однос на Западен Балкан уште 1 година“, се вели во објавата од Федералниот регистер на САД.

Дејствијата на лицата што го загрозуваат мирот и напорите за меѓународна стабилизација на Западен Балкан, вклучувајќи ги актите на екстремистичко насилство и опструктивните активности, како и ситуацијата во Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефикасно и демократско управување и целосна интеграција во трансатлантските институции, според наведеното во објавата, подолжуваат да претставуваат необична и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеничка кавга за платите во одбрана – две години не се зголемени, а и буџетот паѓа

Дејан Дејан

Црвени предупредувања за екстремна жештина ширум Западна Европа – метеоролозите велат ова ќе потрае

Дејан Дејан

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе