Вести Македонија Топ вести

Протест во Студеничани – стоп за камионите кои натоварени со руда го оштетија локалниот пат

Тешки камиони натоварени со руда секојдневно минуваат низ селата Пагаруша, Вартекица и Габер на пат кон рудникот во близина. Жителите од општина Студеничани каде се наоѓаат овие села велат дека товарните возила зад себе оставаат прашина, бучава и дополнително го оштетуваат и онака дотраениот локален пат. Поради тоа излегоа на мирен протест барајќи надлежните да преземат мерки. Загрижени се дека патот е стар и во лоша состојба, а поради честото движење на тешките товарни возила штетите секојдневно се зголемуваат.

„Ние нема да дозволиме да се поминува по овој пат на тешки товарни возила. Овој пат спојува три села и на овој мирен протест се дојдени жители од сите тие места. Тоа се Пагаруша, Вартекица и Габер. Ние припаѓаме под општина Студеничани и веќе имаме разговарано за надлежните од општината, но досега не се преземени никакви мерки. Бараме од институциите да ги преземат потребните мерки за да не ни се уништи и овој мизерен пат што го имаме. Овој пат го користиме со децении и сами сме го крпеле со пари од нашите деца“,вели жител на општина Студеничани

Но, не се само што е децениски стар, туку никој не го одржува освен жителите кои со сопствени средства ги крпат дупките… Иако барањето за реконсрукција и заштита на делницата од жителите е адресирани до општината од таму велат одговорноста е кај правниот субјект кој стопанисува со околниот рудник.

Месното население бара веднаш, пред отпочнување на експлоатација, концесионерот да ги преземе овие обврски, а концесионерот бара одреден временски период да отпочне со експлоатација и потоа да пристапи кон одржување на патниот правец. Ние како општина веќе имаме изготвен проект за овој пат и се трудиме да обезбедиме средства за неговата реализација, а паралелно со разговорите со концесионерот се трудиме да обезбедиме средства и од други извори, велат од општината. 

Пораката на жителите е јасна, тие нема да се откажат од нивното барање по тој пат да не поминуваат тешки товарни возила. Доколку тоа не се реши најавуваат и нови протести со поголеми блокади.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе