Вести Македонија Најважни

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Цените на горивата почнаа полека но сигурно да одат надолу, сега на ред се цените на храната и основните продукти во маркетите. Трговците, дистрибутерите и претставниците на големите трговски маркети денес на состанок во Владата, а премиерот Мицкоски пред средбата им порача дека „граѓаните беа толерантни“ и дека сега се тие на потег.

Трпението на Владата за корекции на цените на храната и основните продукти ќе биде во денови а не во недели соопшти премиерот и предупреди дека  државата ќе ги искористи сите инструменти кои и стојат на располагање, односно контроли, мерки и санкции доколку тоа не се случи.

„ Мојата порака ќе биде јасна. Завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, посебно основните прехранбени производи. Тоа го очекувам од нив. Оправдување и изговори не прифаќам. Од типот не ни ги качиле, не ни ги намалиле цените и слично. Доколку не се види реакција од страна на маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, тогаш ние како Влада ќе реагираме и ќе реагираме на подолг рок. Ако треба по име и по презиме од утре јавно ќе ги објавуваме. Понатму оставаме на нив“, рече Христијан Мицкоски, премиер

Граѓаните велат дека цените се високи а стандардот и приходите низок. Велат дека најмногу скокнала цената на храната и очекуваат намалување на цените.

„Лош квалитет високи цени. Нема стратегија на квалитет, немаме ние некој перформанс да речеме,  на пример да не може над тоа да оди. Еве ги гледам цените, баш сега излегов од супермаркет, тоа не вреди ни половина од цената по која се продава“

„ Зависи од каде пазаруваш. Воглавно тоа се цените, некое драстично покачуваме мислам дека нема, Посебно во  маркетите каде што секогаш има попуст, така што веројатно луѓето повеќе одат таму каде што има намалување отколку на пазарите. Па драстично зголемување е воглавно на зејтинот, такви работи каде што цените треба да бидат далеку поевтини.

„ Да постојано се поскапени цените. Баш се високи цените. На кои производи? на сите. Прехранбените поготово. Се ова што носам во количката се е поскапено. Бес стотка не можеш ништо да земеш. Стотка е најмалата цена. Се е поскапено“

Напредокот во преговорите меѓи Иран и САД е се позабележлив, а на терен тоа се пресликува во десетиците танкери кои сега може да минат низ Ормутскиот теснец. Регулаторната комисија ги соопшти новите цени на горива кои ќе важат неделата а кои очекувано се пониски од сегашните. 95 октанскиот бензин ќе се продава за 3,5 денари поевтино и неговата цена ќе изнесува 84 денари, безоловниот од 98 октани ќе биде поевтин за 4 денари и ќе чини 86 денари а најголем пад на цената има кај дизел горивото кое ќе се продава за седум денари поевтино. Новите цени стапуваат на сила од полноќ.

Огнен Чанчаревиќ
Тони Стојановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Книжевна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб за Снежана Младеновска-Анѓелков и Игор Анѓелков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе