Вести Македонија Топ вести

Царина спречи криумчарење на ботокс – oсомничени доктор и медицинска сестра од клиниките „Мајка Тереза“

Царинската управа поднесе кривична пријава против доктор и медицинска сестра кои се обиделе да криумчарат ботокс преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци. Докторот и медицинска сестра сакале да прокриумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик.

Случајот е откриен од страна на царински службеници од Царинска испостава Скопје 1, при детална контрола на поштенска пратка пријавена за увозно царинење, за која била приложена фактура во која биле наведени 10 козметички примероци. При отворање на пратката, царинските службеници откриле 199 вијали со ботокс, кои се користат во естетската медицина и кои не биле наведени во фактурата.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое поведе посебни предистражни дејствија, во чии рамки по налог на јавен обвинител извршен е и претрес на три локации. Во предистрагата е утврдено дека првоосомничениот, вработен како доктор на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од компанија од Република Кореја и се договорил истите во фактурата да бидат декларирани како 10 парчиња козметички производи со вкупна вредност од 80 долари. Потоа, од второосомничената, вработена како медицинска сестра на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Tереза“, побарал да биде наведена како примач на стоката, која му помогнала во вршење на кривичните дела на начин што се согласила нарачката да пристигне на нејзино име и адреса и фактурата ја платила од својата трансакциска сметка.

Царинска управа апелира до сите учесници во увозните постапки дека секој обид за криминал ќе биде најстрого санкциониран. Увозот на ботокс е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и секоја измама поврзана со увоз на ваква или слична стока претставува опасност за здравјето на граѓаните. Порачуваме дека Царинската управа и понатаму ќе има нулта толеранција кон сите што се обидуваат да работат спротивно на законот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По повикот од Бугарскиот амбасадор да не се блокираат граничните премини, откажан е најавениот протест

Дејан Дејан

Се потпишала како градоначалник и одобрила надградба на куќа – пријава за две вработени во општина Струмица

Дејан Дејан

Реакции од здруженијата на приредувачи на игри на среќа на денешната јавна расправа по предлог-законот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе