Изјавата на министерката „бидете мирни, ќе има за плати и пензии, ние контролираме се“ е типична изјава на еден ваков вид на политичка гарнитура на власт која што владее со популизам и она допиура до оние гласачи кои што не го разбираат она макроекономско и буџетско работење и не сакаат да ги интересира, нив ги интересира „ќе има ли до крај на годината плати и пензии такви какви што предвидени“ и ветувањето „ќе има“, нив ги смирува, изјави универзитетскиот професор Ванчо Узунов во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
„Е сега оваа друга група на луѓе кои ги интересира нешто повеќе за тоа, овие теми ги дискутира секоја година, на помалку или повеќе ист начин и отприлика во ист период од годината и толку години ние не ги научивме лекциите. Кога се носи буџет за наредната година, во декември, тој тогаш е нереален. Оваа влада ја надува стапката на раст на БДП очекувана, предвидена, претпоставена, затоа што тоа го користи како маркетиншки инструмент „еве ние се развиваме, стапката на раст на БДП е некоја си бројка“. Бројката не им значи на граѓаните, но пораката дека стапката е висока, политички многу убаво. И уште повеќе да биде амбициозна, вели ќе имаме големи капитални инвестиции. Потоа почнува годината и работите доаѓаат онакви какви што биле, таа приказна се распаѓа полека и некаде во средина на годината, ние мораме и секоја година тоа го правиме, да имаме ребаланс на буџетот“, коментира Узунов.
Узунов додаде дека со оваа структура на даночни приходи, како даночен систем, не може да се генерираат повеќе пари во буџетот.
С.Д.
