Кога буџетот го гледаме како структура, прилично е амбициозен во својата форма и обем и притоа да се види дека буџетскиот дефицит оди со реализација во ваква динамика, да се каже дека корекцијата на ребалансот, што се случува прилично рано во годината, ќе биде мала и незначајна, тогаш очигледно малата и незначајна корекција на постулатите на фискалната политика ќе значи кратење во одредени ставки, рече Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Знаејќи дека платите и трансферите ни се прилично дадени, не можеме мнмогу да работиме или кратиме, напротив со последните измени и покачувања на пензиите, тие само се зголемуваат, претпоставувам дека ќе ни се случи истото сценарио, каде капиталните расходи или сите оние останати расходи кои што не се трансфери и плати ќе бидат дел од тоа кратење“, смета Митевски.
С.Д.
