Вести Свет Топ вести

Осудени родителите на Коста Кецмановиќ, момчето кое уби десет ученици и вработен во основно училиште во Белград

Вишиот суд во Белград ги осуди родителите на Коста К., момчето кое на 3 мај 2023 година уби девет ученици и еден обезбедувач на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Владимир Кецмановиќ e осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривично дело занемарување и злоставување на малолетно лице и тешко кривично дело против јавната безбедност, додека Миљана Кецмановиќ e осудена на две години и 11 месеци затвор за кривично дело занемарување и злоставување на малолетно лице.

Ова е втора првостепена пресуда, на која обвинителството и одбраната имаат право да се жалат до Апелациониот суд во Белград.

На 3 мај 2023 година, 13 годишниот Коста Кецмановиќ  пукаше кон учениците и вработените во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и уби десет лица — девет ученици и еден чувар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ ќе испорачува помалку струја за домаќинствата- ќе има ли поскапување ?

Дејан Дејан

Филипче: Извештајот на ЕП е јасен – едноставно немаме напредок на европскиот пат

Tea Dimkovska

Одлуката за преименување на улиците во Тетово, која сега ја укина Уставниот суд никогаш не се ни спроведе во пракса – велат од Влен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе