Вести Свет

Уапсен е првиот офицер на хрватскиот катамаран кој се судри со едрилица и загинаа 4 лица

Првиот офицер на патничкиот хрватски катамаран „Крило Еклипс“ е уапсен и е осомничен дека го предзивикал судирот со едрилицата во која загинаа 4 лица. Несреќата се случи помеѓу  Брач ​​и островот Шолта. Едрилицата, долга околу 14 метри, потона на длабочина од 50 или 60 метри.

Од полицијата изјавија дека постои основано сомнение дека 33-годишникот сторил кривично дело против безбедноста во сообраќајот – загрозување на посебни видови сообраќај. По завршувањето на истрагата, најверојкатно ќе му биде одреден притвор.

Според неофицијални информации, обвинителството го обвинува за свесно, односно намерно кршење на прописите за безбедноста на поморскиот транспорт, а со оглед на трагичните последици –смртта на 4 лица, на 33-годишникот му се заканува исклучително висока казна.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 проценти од владините ветувања на половина од мандатот не се исполнети, а целосно се реализирани само 13%

Дејан Дејан

Банкарите уверуваат : Ако има зголемување на каматите тоа ќе биде постепено, одлуката на НБРМ не ги изненадила

Дејан Дејан

Со намалено производство на храна, помали приходи и недостиг на вода – одбележан Светскиот ден за борба против сушата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе