Вести Македонија

Јавна расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска одржува јавна расправа по Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба.

Расправата се одржува во рамки на законодавниот процес за уредување на статусот на вработените во правосудните институции.

Со Предлог-законот за судска служба се дефинира посебниот статус на вработените во судската администрација, вклучувајќи судски службеници, државни службеници, судска полиција и помошно-технички персонал.

Целта е појасно уредување на нивните права, обврски и организациска структура. Истиот пристап се применува и со Предлог-законот за јавнообвинителска служба, кој го уредува статусот на вработените во јавните обвинителства, вклучувајќи јавнообвинителски службеници, државни службеници и техничка и административна поддршка.

Со ова се настојува да се зајакне функционалноста и ефикасноста на правосудниот систем во земјава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец фатен со златен накит вреден 1,5 милиони денари

Дејан Дејан

„ Скопје Синема Сити“ по 12 пат на 26. и 27. јуни

Дејан Дејан

Јаневска: 60 ученици се фатени како препишуваат на матура, ако сакаат да се запишат на факултет нова шанса за полагање во август

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе