Спорт Фудбал

Вечер на ремија на Мундијалот: По Шпанија, кикснаа и Белгија и Уругвај (ВИДЕО)

На Светското фудбалско првенство 2026 утринава се комплетираа натпреварите од првото коло во групите Г и Х. Тоа беше вечер на ремија, бидејќи сите четири дуели завршија без победник.

Најголемото изненадување го приреди дебитантот Зеленортски Острови, кој во Атланта го запре европскиот првак Шпанија и одигра 0-0 во рамките на групата Х. Шпанците доминираа и имаа повеќе шанси, но не успеаја да го скршат отпорот на аутсајдерот, кој го освои првиот бод во својата мундијалска историја.

Нешто подоцна, Уругвај не успеа да ја победи Саудиска Арабија и исто така освои само еден бод по ремито 1-1. Саудијците поведоа со голот на Абдулела Ал-Амри во 41-та минута, додека Уругвај се спаси од пораз преку Максимилијано Араухо во 80-тата минута.

И во групата Г немаше победник. Белгија ремизираше 1-1 против Египет во Сиетел. Емам Ашур погоди за египетската репрезентација во првото полувреме, а Белгијците до бод стигнаа во 66-тата минута, кога Мохамед Хани си постигна автогол по притисокот на Ромелу Лукаку.

Возбудливо реми одиграа и Иран и Нов Зеланд, чиј дуел заврши 2-2. Новозеланѓаните двапати водеа со головите на Елајџа Џаст во седмата и 54-тата минута, но Иран двапати се враќаше во натпреварот преку Рамин Резаеиан и Мохамад Мохеби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските клубови ги чекаат ривалите во Европа: Вардар во Лигата на шампиони, Силекс и Шкендија во Конференциската лига

Sportska Redakcija

Рафа Мир осуден на осум и пол години затвор за сексуален напад

Sportska Redakcija

ФИФА бара објаснување од ВАР-судија по спорен гест на Светското првенство

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе