Во работна посета во Лондон престојува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Во британскиот Форин офис, Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.
Муцунски претходно беше во работна посета на Северна Рајна-Вестфалија на покана министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на оваа германската покраина покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, а по Лондон заминува во Даблин на средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти.
