Вести Економија Топ вести

Мицкоски: Се бориме за фабрика повеќе и за добро платени работни места

Се бориме за фабрика повеќе и за добро платени работни места, рече премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека тоа било една од целите на работната посета на Турција, каде изминатите денови презентирајќи ги условите за работа владиниот тим ги повика турските бизнисмени да инвестираат во Македонија.

  • „Се бориме за фабрика повеќе која што ќе извезува, која што ќе го зголемува нашиот бруто домашен производ, која што ќе обезбедува добро платени работни места. Ние можеме да понудиме квалификувана работна сила, луѓе кои што имаат знаење, кои што имаат искуство. Нема да одиме и не одиме веќе со пораката евтина работна сила бидејќи тоа е стереотип од минатото бидејќи не нудиме евтина работна сила, туку нудиме работници и човечки потенцијал кој што знае и умее и може да помогне заеднички да растат и бруто домашниот производ и бизнисот на тие кои што инвестираат“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Токму странските директни инвестиции се економски параметар којшто минатата година забележа голем минус. Имено, според податоците од Народната банка, во 2025 година вкупните странски директни инвестиции во Македонија изнесуваа 467,5 милиони евра, што претставува намалување од дури 61% споредено со 2024 година, кога беа скоро 1,2 милијарди евра.

Од друга страна, ниту кај пазарот на труд бројките не се многу добри споредено со европските. На пример, иако стапката на невработеност во континуитет се намалува во последните години, сепак и натаму е двојно поголема од европскиот просек. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност кај нас е 11,3%, додека во ЕУ е само 6 отсто. Според Еуростат, процентуално повеќе невработени од Македонија има само во Босна и Херцеговина (12,2%).

Мирјана Јовеска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предупредување од Техеран – нападите врз Либан ризикуваат да го загрозат договорот меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

Адвокатите Феузи Џафери и Артим Ислами во трка за влез во Судскиот совет – трет обид да се избере нов член

Дејан Дејан

Прво роденден на ВМРО ДПМНЕ, па реконструкција на владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе