Во четвртокот попладне, Собранието на раб на потребниот цензус и на мнозинство, го избра Исмаил Синани за нов член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Владеачкото мнозинство го избра и покрај критиките на невладиниот селктор кој постојано се бори на терен против дискриминацијата бидејќи сметаат дека Синани кој е новинар по професија, а политиколог по образование, нема искуство, а има опасни ставови против феминизмот и родовата еднаквост.
КОД во своето вечерашно издание открива дека повеќе организации биле известени дека Синани ќе биде избран три недели пред воопшто да се појави на јавната расправа во Собранието и да ја претстави својата кандидатура.
КОД вечерва истражува кој ги финнсира антиродовите движење и која е улогата на религиозните групи, на руското влијание и на влијанието на американски десничари врз општествениот живот во Македонија и регионот.
