13 и 14 јуни се датумите кога Охрид ќе живее во знакот на пливањето, возењето велосипед и трчањето.
Природните убавини и езерото се меѓу клучните причини поради кои оваа дестинација е привлечна за триатлонците од целиот Балкан, кои овие два дена на македонско тло ќе ги одмерат силите и ќе се борат за место на пиедесталот.
Деталите за организацијата и финалните подготовки на македонските учесници ги дознаваме од Данчо Ѓорѓиевски – Претседател на Триатлон федерацијата на Македонија и натпреварувачката Бистра Груевска.
Фер-плеј со Јана, секоја недела во 16:15 на Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
