Министерот за одбрана на Летонија, Андрис Спрудс денеска поднесе оставка откако две украински беспилотни летала во четвртокот прелетаа од Русија и погодија складиште за нафта.
Претходно денеска, летонската премиерка Евика Силиња побара негова оставка, велејќи дека системите против беспилотни летала не биле распоредени и активирани доволно брзо.
За нов министер за одбрана е именуван Раивис Мелнис, полковник на летонската војска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
