Вести Свет

ЕУ усвојува прва Стратегија против сиромаштија

Европската Унија (ЕУ) утре ќе ја усвои првата сеопфатна Стратегија против сиромаштија, со цел системско намалување и долгорочно искоренување на сиромаштијата во блокот. Во процесот се вклучени Европската комисија и Европската мрежа против сиромаштијата, заедно со организации и лица со директно искуство со сиромаштија.

Од Европската мрежа против сиромаштија се апелира новата стратегија да ги опфати и земјите кандидати за членство во ЕУ, меѓу кои и Македонија, со цел да не се продлабочува социјалниот јаз. Според нив, исклучувањето на кандидатите би значело поголеми нееднаквости, додека нивното вклучување би овозможило пристап до поддршка, праведност и поефикасни социјални политики.

За Македонија, стратегијата би можела да има директно значење преку пристап до европски фондови, како и преку развој на усогласени национални социјални политики. Во спротивно, земјата ризикува дополнително заостанување во борбата против сиромаштијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе