Вести Свет

Вооружен маж отворил оган во близина на Белата куќа, застрелан е од Тајната служба

Вооружен маж  отворил оган во близина на Белата куќа, ранувајќи тинејџер кој случајно се нашол во близина, по што припадниците на американската Тајна служба возвратиле на огнот и го застрелале осомничениот.

Тајната служба, која е одговорна за заштита на американскиот претседател и други високи претставници, на Х објави дека инцидентот бил „резултат на конфронтација помеѓу вооружено лице и полицијата на Тајната служба“.


И осомничениот и тинејџерот биле пренесени во болница. Состојбата на напаѓачот не беше веднаш објавена, додека повредите на тинејџерот не се сметаат за опасни по живот, пренесе ДПА.

Инцидентот се случил јужно од Белата куќа, во близина на споменикот на Вашингтон (Washington Monument), што предизвикало краткотрајно затворање на претседателскиот комплекс, иако самиот имот не бил директно загрозен.

Полицајците прво го забележале мажот претходно  откако ги виделе контурите на она што изгледало како огнено оружје под неговата облека. Осомничениот накратко побегнал пред да биде пресретнат од униформирани службеници, при што отворил оган.

Тајната служба претходно соопшти дека екипите за итна помош интервенираат јужно од Белата куќа и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе