Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „Израел е посилен од кога било“, објавувајќи ги најновите воени инвестиции на земјата.
Во видео обраќање, тој рече дека Израел набавува „две ескадрили модерни авиони: ф-35 и ф-15иа“ и дека неговите пилоти „можат да стигнат до кое било место на иранското небо и се подготвени да го сторат тоа, доколку е потребно“.
-Израел е посилен од кога било, а Израел секогаш мора да биде многу посилен од нашите непријатели. Затоа, се залагам за два принципа: зајакнување и независност. Во однос на зајакнувањето, ние стекнуваме две ескадрили современи авиони: Ф-35 и Ф-15ИА., изјави Нетањаху.
