Вести Најважни

Српското МВР потврди – пронајдени двајцата исчезнати тинејџери

Припадници на српското министерство за внатрешни работи, од полициската управа за град Белград, по интензивна потрага, ја пронашле синоќа околу 20:40 часот петнаесетгодишната Дуња Нециќ од Нови Сад, чие исчезнување беше пријавено на 29 април 2026 година.

Таа била пронајдена во воз, потврди српската железничка компанија „Србијавоз“, додавајќи дека една кондуктерка го препознало девојчето Дуња Нециќ, врз основа на системот „Пронајди ме“ и веднаш ги известила надлежните служби.

„Благодарение на совесната и професионална реакција на вработените во компанијата „Србијавоз“, девојчето Д. Н., по кое беше активирана потрага преку системот ‘Пронајди ме’, успешно е пронајдено и безбедно предадено на надлежните органи“, се наведува во соопштението на „Србијавоз“.

„Горд сум на брзата и одговорна реакција на нашата вработена. Овој настан уште еднаш ја потврдува важноста на ефикасната комуникација и координација меѓу јавните системи, како и улогата на секој поединец во заштитата на безбедноста на граѓаните. Ги пофалувам и сите останати колеги кои својата работа ја извршуваат совесно и посветено“, изјави Љубиша Пејичиќ, в.д. директор на „Србијавоз“.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти синоќа дека со брза и ефикасна реакција на припадниците на МВР успешно е завршена потрагата по малолетната Дуња Нециќ (15) од Нови Сад, чие исчезнување било пријавено на 29 април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Посебни термини и посебни цени за мажите и за жените на базенот во Тетово – невладините бараат еднаков пристап до јавните услуги и недискриминација

Дејан Дејан

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе