Вести Најважни Свет

(фото) Достоинствени плати и даночна правда- првомајски протести ширум светот – на Таксим повторно апсења

Годината помина со штрајкови, а денеска работниците низ светот маршираа по главните улици и плоштади на светските метрополи со барање за достоинствени плати и даночна правда во време кога сите ги чувствуваат последиците од економската криза поради војната на Блискиот исток. Во време на брз развој на вештачката интелигенција и најави за губење работни места, работниците се соочени и со ерозија на синдикалните права, бидејќи во многу земји се носат закони кои го забрануваат правото на штрајк.

Плоштадот Таксим во Истанбул веќе долги години е место каде се забранети собирите и демонтрациите, веќе како по традиција и денеска таму беа приведени десетици демонстранти кои спротивно на владината забрана се обиедоа да стигнат до центарот на градот. „Отпорот е насекаде“ скандираа демонтрантите и левичарите кои влегоа во судир со полицијата која со солзавец го разби маршот.

Стотици луѓе учествуваа на Првомајскиот марш во Багдад, во Ирак, додека мажите ги држејќи транспарентите и знамињата, жените ги предводеа скандирањата со кои повикуваа на солидарност со работниците ширум светот.

  • „Денот на трудот нè зближува, денот на работничката класа, која денес претставува голем дел од ирачкото општество, но страда од тешкотии. Во исто време, тоа е меѓународна кауза, да се застане во солидарност со работниците ширум светот. Бараме еднаквост, спроведување на законите за труд и заштита на правата на работниците, за да можат да придонесат за обнова, развој и инвестиции, подалеку од војни и борби за моќ“ – Интисар Алеви, активист за човекови права, Багдад.

Членовите на Корејската конфедерација на синдикати организираа голем митинг во близина на плоштадот Гвангвамун во центарот на Сеул, барајќи право на колективно договарање со примарните изведувачи и повикаа на заштита на правата на работниците.

Во своето обраќање претседател на Корејската конфедерација на синдикати, повика на солидарност со работниците ширум светот, велејќи: „Да се ​​обединиме со иранските и палестинските работници“, а воедно повика на единство со странските работници и оние без заштита на трудот.

  • „Да се ​​обединиме со иранските и палестинските работници и луѓето што страдаат од американската империјалистичка агресија. Да се ​​здружиме со странските работници кои работат заедно со нас како членови на нашето општество и со сите работници на кои им се лишени правата и немаат синдикати. Работници од сите нации, обединете се и отворете ја ерата на работникот“ – Јанг Кјунг-су, претседател на Корејската конфедерација на синдикати.

Со воено присуство во централниот парк во Џакарта работниците извикуваа слогани против контроверзниот Закон за создавање работни места и распространетата корупција. Повеќе од 200.000 индонезиски работници учествуваа на традиционалните маршеви по повод Први мај низ најголемата економија во Југоисточна Азија.

Индонезиските работници побараа од владата да ги укине правилата за аутсорсинг, да ја зголеми минималната плата и да обезбеди заштита за домашните работници. Војна во која е вклучен Иран го зголемува економскиот притисок врз дома, работниците бараат посилна владина заштита поради зголемените трошоци за живот.

  • Во сегашната ситуација, има подобрување, но од друга страна, нашата благосостојба сè уште е во застој. Други работи како што е аутсорсингот треба да се укинат- Савитрија, индонезиска работничка.
  • Со сегашната воена состојба, условите за работа се исто така засегнати. На пример, цената на суровините станува сè потешко да се најдат и скапи, особено пластичните суровини – Пардио, лидер на Синкатот.

Додека во минатото борбата беше главно за „8 часа работа, 8 часа одмор, 8 часа рекреација“, денешната борба е фокусирана на квалитетот на животот во дигиталната ера и економската опстанок во услови на глобална нестабилност.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски со отчет: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи

Дејан Дејан

„Поетски портрет“ и „Поетско кафе“ со добитничката на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, Анеке Брасинга

Дејан Дејан

Посебни термини и посебни цени за мажите и за жените на базенот во Тетово – невладините бараат еднаков пристап до јавните услуги и недискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе