Променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Попладне поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Ветерот во некои делови од истокот повремено ќе достигнува над 60 km/h.
Минимална температура (во °C)
4 Берово, Лазарополе, 5 Mаврови Анови, 6 Тетово, Попова Шапка, Битола, 7 Охрид, Претор, Струмица, 8 Прилеп, Скопје – Петровец, Велес, Гевгелија, 9 Крива Паланка, Демир Капија, Kрушево, Куманово, Штип, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, 10 Виница.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
