Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, на Филозофскиот Факултет која ќе ја изненади целата македонска јавност – најави денеска министерката за образование Весна Јаневска.
„Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во таквите дејства, ќе утврдат соодветните органи,“ рече Јаневска, коментирајќи ги случувањата на Филозофскиот факултет на УКИМ, каде што од 2019 година противзаконски се запишувале студенти на едногодишни магистерски и на докторски студи иако додипломските студии им биле тригодишни стручни, а не академски.
