Uncategorized Вести Економија Македонија

Летово почнува изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија

Тендерот за избор на надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија е објавен а за десетина дена ќе се објави и тендерот за избор на изведувач па се очекува летото да почнат градежните активности. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, ги брифираше претставниците на ЕУ и ЕК на денешниот технички состанок за текот на изградбата на патниот и железничкиот дел од Коридорот 8.

„Во текот на летото да можеме да ги започнеме градежните активности за третата фаза од пругата кон Бугарија, односно делницата која што оди од Крива Паланка до заедничкиот тунел кој го имаме со Бугарија. Во однос на тунелот, работите одат добро и се надевам дека за брзо време и таму ќе почнат активностите“, рече Александар Николоски, министер за транспорт и врски и прв вицепремиер

Коридорот 8 НАТО и ЕУ го гледаат како стратегиска инвестиција за поврзување на Јадранското со Црно море односно поврзување на Италија со Албанија, Македонија, Бугарија а потоа и со Романија и Балтичките држави. Според претставниците на ЕУ ќе овозможи поголема мобилност на луѓе и стока и ќе ја раздвижи трговијата и економијата. ЕУ досега обезбеди 1,2 милијарди евра за кои се надева дека што е можно побрзо ќе бидат искористени за изградба

„Во услови на геополитичка криза каква што имаме денеска би го нагласил безбедносниот аспект бидејќи преку овој коридор ќе имаме поврзување на двете мориња а ќе се олесни сообраќајот и ќе се зголеми воената мобилност меѓу државите на овој Коридор што претставува важна компонента за безбедноста на земјите членки на НАТО и на европскиот континент“, рече Бен Нупнау, заменик амбасадор на ЕУ

Автопатско или поврзување со експресен пат од границата со Албанија до границата со Бугарија е целта на Владата а се разгледува и можноста за железничко поврзување долж Коридор 8 преку граничниот премин Ќафасан. Николоски е дециден, автопат ќе има, трасата се црта а кога станува збор за пругата од Кичево до Ќафасан бара цврсти гаранции од Албанија дека од другата страна на границата ќе има железничко поврзува бидејќи станува збор за проект вреден две милијарди евра.

„Ако ние изградиме железница до Ќафасан и од другата страна нема ништо нема поента да ги потрошиме парите, процената е дека само од Кичево до граница со Албанија чини две милијарди евра. Ако ние се доведеме во ситуација да изградиме пруга која ќе застане на границата тоа ќе биде наивно од наша страна и затоа ја отворам оваа тема. Не е воопшто доведено во прашање дали до Струга и до Ќафасан ќе имаме автопатско решение, прашање е по која траса ќе се движиме“, изјави Александар Николоски, министер за транспорт и врски и прв вицепремиер

Кон крај на мај или на почетокот на јуни во Македонија ќе пристигне делегација на УНЕСКО на која ќе и биде презентирано новото автопатско и железничко решение на Коридорот 8 кон преминот Ќафасан.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе